Мурињо: Дибала го пропушта мундијалот, повредата е сериозна

Паоло Дибала се повреди при изведување на удар од белата точка против Лече, меч кој Рома го доби со 2-1 во рамките на деветото коло во Серија. Го фати бутниот мускул на левата нога на клупата стигна во солзи.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека повредата на напаѓачот Пауло Дибала е веројатно многу сериозна.

– Повредата изгледа многу сериозна. Би рекол дека е лошо. Таков впечаток имам и по разговорот со него. Мислам дека тешко ќе се врати на теренот до крајот на годината, го цитира Мурињо, новинарот Фабрицио Романо.

Дибала често беше напаѓан од повреди во текот на неговата кариера. Сезонава има седум гола и две асистенции на 11 настапи за Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e