Милевски по трите освоени бода против Црна Гора: Добро е што победуваме и со недостатоци во играта

По победата против Црна Гора на гостински терен во квалификациите за Европското првенство, селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски не криеше задоволството од трите освоени бода и вербата дека оваа генерација ќе напредува во секој нареден дуел и ќе продолжи со победничката низа.

„Посакувам да продолжи да нè краси овој пристап. Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци. Го забораваме овој дуел во Подгорица и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан“, изјави Благоја Милевски.

Македонската репрезентација до 21 година по денешниот меч во Подгорица има максимални шест бодови по две кола во групата од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e