Мбапе повреден од соиграч на тренинг, неизвесен за дуелот со Реал

Настапот на Килијан Мбапе е под знак на прашање за реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Неговиот настап во среда е неизвесен откако заработи повреда на последниот тренинг на ПСЖ. Идриз Геј беше крајно невнимателен и стартуваше со отворен ѓон врз својот играч. Мбапе почна да се витка од болка и го напушти тренингот.

Мбапе заедно со Верати беа убедливо најдобрите играчи на ПСЖ во првиот меч против Реал Мадрид. Французинот ја направи разликата.

ПСЖ соопшти дека првите тестови се ветувачки, но дали ќе може Мбапе да игра против Реал Мадрид ќе се знае утре.

Во меѓувреме Геј добива дури и смртни закани од некои навивачи на ПСЖ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e