Матеус: Ериксен во Баерн? Што ќе ни е?

Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус, смета дека Кристијан Ериксен не е играч кој може да заигра за Баварците. Данецот е под договор со Тотенхем уште една година, но се почесто се споменува како опција за трансфер на „Алијанц Арена“.

И покрај шпекулациите за трансфер, Матеус не сака да го види Ериксен во Баерн Минхен.

„Ги следам неговите настапи долго време, но бев разочаран во 2019 година. Трансфер во Баерн не вреди, и ако го стори тоа, ќе бидам изненаден. Ако тој не е добар за Тотенхем, тој не може да биде добар за Баерн. Ули Хенес изјави дека на Баерн не му требаат резерви. Тој е техничар, типична „десетка“, но премногу е бавен за стилот на Нико Ковач. Што ќе ни е на нас?, изјави Матеус за „Спорт1“.

Ериксен има еден гол и една асистенција во Премиер лигата и Лигата на шампионите за Тотенхем оваа сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e