Мастерс во Париз: Ѓоковиќ мораше да се помачи за осминафинале

Најдобриот светски тенисер во моментот, Новак Ѓоковиќ со тешки маки успеа до третото коло на Мастерсот во Париз. Србинот во второто коло во „Берси арена“ го совлада францускиот претставник Корентин Муте со 7:6, 6:4 и за место во четврт-финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Кајл Едмунд и Диего Шварцман.

Дека Муте нема лесно да се предаде и дека самиот ривал од другата страна на мрежата е голем предизвик, но и мотив, покажа во првиот сет. Направи брејк во седмиот гем, а потоа сервираше и за сет, меѓутоа водечкиот на АТП листата по кој знае кој пат најде начин да се извлече од тешката ситуација. Најпрво го врати брејкот за 5:5, а во тој брејкот беше убедлив со 7:2.

Во вториот сет, пак, беше полесно за Ѓоковиќ. Го освои третиот гем на сервис на Муте и предноста без проблем ја сочува до крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e