Маркизио замина во пензија: Жалам што не ја освоив Лигата на шампиони и не играв со Италија на ЕП

Клаудио Маркизио на само 33 години реши да стави крај на фудбалската кариера, а денеска при официјалното објавување на одлуката, рече дека бил сакал да се преигра финалето на Лигата на шампиони од 2015 година.

Пред четири години, во битката за европската клупска титула, Барселона го победи Јувентус со 3:1, и тој пораз најмногу би сакал да не се случеше.

„Жал ми е што не освоив титула во ЛШ и со Италија што не успеав на ЕП. Би сакал повторно да го играм финалето со Барселона во Берлин. Би сакал да се повтори еден дел од второто полувреме“, рече Маркизио кој со Јуве загуби две финалиња во ЛШ, а освои седум титули во италијанското првенство. За италијанската репрезентација имаше 55 настапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e