Манчини: Да ги победиме сите натпревари на групата е нешто необично

Селекторот на Италија, Роберто Манчини изрази големо задоволство по завршувањето на квалификацискиот циклус за Европското фудбалско првенство 2020. Италија групата ја заврши со максимални 10 победи.

– Да уживаме во моментот. Да ги победиме сите натпревари на групата е нешто необично. Сепак, уште треба да се подобруваме во некои сегменти. Ќе ми биде тешко кога ќе морам да оставам некои играчи дома кога ќе треба да селектирам за завршниот турнир. Сите тие заслужуваат да бидат таму, изјави Манчини.

За убедливиот триумф со 9:1 синоќа против Ерменија вели:

– Имавме вистински пристап кон играта, не случајно постигнавме девет гола. Секој играч ги даде одговорите што сакав да ги добијам. Сите млади фудбалери напредуваат.

Италија без изгубен бод, со вкупно 30 ги заврши настапите во Ј-групата, пред Финска која собра 18, Грција 14, Босна и Херцеговина 13, Ерменија 10 и Лихтенштајн 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ