Манчестер Сити и Борусија Мехенгладбах со една нога во групната фаза на лигата на шампиони

Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах забележаа убедливи победи во првите плејоф натпревари од фудбалската Лига на шампиони и само треба да го потврдат својот пласман во групната фаза.

Англискиот тим славеше убедлива победа на гостувањето во Букурешт против Стеауа со 5:0, додека Бундеслигашот со 3:1 како гости го победи Јанг Бојс.

Резултати ос синоќешните средби во Лигата на шампионите: Ајакс – Ростов 1:1, Динамо Загреб – Салцбург 1:1, Копрнхаген – АПОЕЛ 1:0, Стеауа – Манчестер Сити 0:5 и Јанг Бојс – Борусија Менхенгладбах 1:3.

Од натпреварите кои се закажани за вечерва, најголемо внимание ќе привлече средбата Порто и Рома, додека во останатите дуели ќе се сретнат: Лудогорец – Викторија Плзен, Селтик – Хапоел Бер Шева, Дундалк – Легија Варшава и Вилјареал – Монако.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e