Македонските каратисти од СП во Чиле на прием кај Каевски во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски, денеска ги прими македонските репрезентативци кои донесоа бронзен медал од Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори во Чиле. Го освои Бојан Костов во категоријaта до 52 килограма, а значаен резултат се и двете петти места во кати на Ангела Мојсовска и на Александар Неделковски.

„Честитки за освојувачот на бронзениот медал и одличниот настап на сите натпреварувачи. Да нагласам дека вие сте спортистите од кои се очекуваат одличја во сениорска категорија на следните меѓународни натпреварувања“, изјави Каевски.

На светското првенство со титула светски судија во кумите се здоби македонскиот карате судија Валентина Пурдеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e