Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето кај Бугарија

Репрезентацијата на Македонија ремизираше во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нациите против селекцијата на Бугарија.

Натпреварот одигран во Разград заврши без победник (1:1), а избраниците на Благоја Милевски може да жалат што не го собраа сиот плен од средбата на која беа апсолутно подобар противник.

Бугарија прва дојде до водство, уште во 13. минута преку Десподов кој вешто го матираше Столе Димитриевски.

Во продолжение Македонија диктираше темпо, а награда за добрата игра дојде во 50. минута кога Милан Ристовски израмни на 1:1.

До крајот на средбата нашите репрезентативци имаа неколку шанси, а најзрелата ја имаше Алиоски кој одлично биеше од дистанца, но домашниот голман го скроти неговиот удар.

На самиот крај на натпреварот, Бугарија доби пенал, кој за наша среќа подоцна беше оправдано поништен по прегледувањето на ВАР снимките.

Во истата група, Грузија очекувано лесно со 4:0 славеше против селекцијата на Гибралтар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e