Македонија со победа над Луксембург ги отвори квалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна квалификациите за ЕП 2017 со победа од 89:75 во дуелот со Луксембург во натпревар кој се играше во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Избраниците на селекторот Драган Раца уште во првото полувреме со добра игра во одбрана стигна до предност од 48:28 со која фактички го најави победникот, но во второто полувреме имаше моменти во кои претерано релаксираната игра не доведе до помала позитива и Луксембург стигна до разлика од 9 поени.

Во завршницата сепек не дозволивме изненадување и Македонија со триумф на домашен терен стартуваше успешно во битката за место на Евробаскетот кој ќе се одржи следната година.

Војдан со 28 и Дамјан Стојановски со 13 поени беа најефикасни во нашата репрезентација, Костоски постигна 10 поени, додека кај Луксембург Лорен го заврши дуелот со 16 поени.

Следен противник на нашата репрезентација е Велика Британија која денеска загуби на гостувањето кај Унгарија.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e