Магија на Ѓоковиќ од основната линија, Едмунд немаше што да бара во осминафиналето

Новак Ѓоковиќ одигра само шест гејма во претходните две кола, но дека не е воопшто надвор од ритам потврди ова утро откако со брилијантен тенис и голема доминација се пласираше во четврфиналето на Ју-Ес Опен.

Британецот Кајл Едмунд едноставно немаше никаква шанса против расположениот светски рекет број еден, кој очигледно повеќе нема никакви здравствени проблеми и игра на највисоко можно ниво. Србинот беше експресен и за помалку од два часа игра го среди Едмунд со 6:2, 6:1 и 6:4, а како се одвиваше ситуација на теренот најдобро говори еден поен од крајот на вториот сет.

По неколку размени од основната линија, Ѓоковиќ одлучи да испроба еден фантастичен слајс дроп шот, поен со кој само демонстрираше дека може да оствари се што ќе му дојде на памет на овој натпревар.
Новак со импресивното издание секако ја врати вербата меѓу неговите фанови по болните гримаси кои ги имаше во првото коло, а негов противник во четвртфиналето ќе биде Жо Вилфред Цонга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e