Квалификации за СП 2018: Убедливи победи на Хрватска и Србија

Репрезентациите на Хрватска и Србија забележаа убедливи победи во натпреварите против Косово и Молдавија во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 година.

Во натпревар одигран во Скадар, Хрватска со 6:0 ја совлада репрезентацијата на Косово, додека во Чиснау фудбалерита на Србија беа подобри од домаќинот Молдавија со 3:0.

Резултати од синоќешните натпревари во квалификациите за СП 2018 година:

Д група: Молдавија – Србија 0:3, Р. Ирска – Грузија 1:0 и Австрија – Велс 2:2.

Табела: Велс, Србија и Австрија и Република Ирска имаат по 4 бодови, а Грузија и Молдавија се без освоен бод.

И група: Турција – Украина 2:2, Косово – Хрватска 0:6 и Исланд – Финска 3:2.

Табела: Хрватска и Ислан по 4 бодови, Украина и Турција по 2, Финска и Косово по 1 бод.

Денеска на програмата се нови девет натпревари, во кои ќе играат:

А група: Холандија – Белорусија, Луксембург – Шведска и Франција – Бугарија.

Б група: Португалија – Андора, Латвија – Фарски Острови и Унгарија – Швајцарија.

Х група: Грција – Кипар, Естонија – Гибралтар  и Белгија – Босна и Херцеговина.

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 20:45 часот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e