Кузмиќ објасни зошто одбрал дрес со број 0: Почнувам нов живот, почнувам од нула

По тешкиот период и закрепнување од сообраќајната несреќа, кошаркарот на Црвена ѕвезда, Огњен Кузмиќ одбра 0 на дресот, број со кој во спортот и во животот воопшто, симболично се означува нов почеток. 

Кузмиќ се врати на терен на евролигашкиот меч против Барселона и беше поздравен со овации од трибините. Пред три месеци, тој имаше тешка сообраќајка по која една недела беше во кома и постоеја критични моменти во кои не се знаеше дали ќе преживее.

Не само што преживеа и закрепна од повредите и скршениците на вилицата, туку тој ѝ се врати на кошарката, и повторно е на паркетот. Центарот се чувствува како да почнува нов период во животот, и тргнува од нула, со нова бројка на дресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e