Кузмановски: Нашата цел на ова првенство е да го победиме Исланд и за тоа сме дојдени!

Тежок натпревар и одлични 30 минути одиграа македонските ракометари синоќа против европскиот првак Шпанија, негативата беше еден гол, но продложението беше разочарувачко и на крајот и поразот убедлив.

-Немаше калкулации во овој натпревар почнавме силно од првата минута и не се чувавме за со Исланд. Имавме добро прво полувреме, но потоа следуваа две лоши минути на почетокот на вториот дел и се случи тоа што се случи. Сега останува да се подготвиме за Исланд, вистина е дека ќе немаме многу време, но нашата цел на ова првенство е да го победиме Исланд и за тоа сме дојдени, изјави вчера Филип Кузмановски кој постигна четири голови против Шпанија.

Извор: Сител

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e