Куртоа за „Марка“: Ако сакате да бидете голман на Реал М., мора да се соочите со критики

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека не се плаши од критиките во последните недели за неговата лоша форма. Белгискиот репрезентативец е далеку од препознатливите изданија, прима многу голови, па шпанските медиуми најавуваат дека може да го загуби првотимскиот статус кај Зинедин Зидан на сметка на Алфонс Ареола.

„Ако сакате да бидете голман на Реал Мадрид, мора да соочите со притисок и критики и да ги прифатите“, изјави голманот за весникот „Марка“.

Засега, се чини, е голема веројатноста Куртоа да биде на клупа во мечот со Гранада викендот во Примера, а од првата минута да почне Ареола, а во случајот со белгискиот чувар на мрежата е најавена и специјална диета за чистење на телото. Пред мечот со Бриж во Лигата на шампиони, тој добил труење од храна и акутен гастроентеритис што доведоа до загуба на три килограми телесна маса за само неколку часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e