Куп на Македонија во фудбал: Ренова е последен четвртфиналист

Ренова е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија по денешното реми (1:1) против Тиквеш. Првиот осминафинален меч во Кавадарци заврши со триумф на тетовци од 2:0, па реваншот, горе-долу, беше формалност за „гипсарите“ од Џепчиште.

Тиквеш дојде до предност со голот на Илиески во 22. минута, а Ренова израмни во самиот финиш преку Адеми.

Во четврт-финалето во македонскиот фудбалски Куп се пласираа и Академија Пандев, Шкупи, Шкендија, Лабуништа, Работнички, Струга Трим Лум и Брегалница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e