Крцка касата на Партизан: Над милион евра приход од мечот со Манчестер Ј.

Управата на фудбалскиот клуб Партизан е задоволна од продажбата на билети за дуелот од Лига Европа против Манчестер јунајтед, пришто објави дека е остварен приход од 1,1 милиони евра.

Секако, кога ќе се одбијат трошоците, заработката ќе биде околу 900.000 евра, што е повеќе од задоволителна за белградските „црно-бели“. Стадионот беше исполнет до последно место, а бидејќи клубот продаваше само блок билети за двата домашни меча, може да се очекуваат полни трибини и на средбата со Астана.

Партизан неодамна играше со Црвена ѕвезда и заработката беше четирипати помала во споредба со средбата со „црвените ѓаволи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e