„Кралевите“ ремизираа со Вилјареал

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа реми со Виљареал 1:1 во петтото коло на Примера.

Иако Кристијано Роналдо и Герет Бејл се вратија во тимот, “кралскиот” клуб не беше во можност да победи вечерва.

Реал ја потцени “Жолтата подморница”. Гостите пропуштија шанса за водство во 29 минута кога Сансоне шутираше близу до голот.

Во последната минута од првото полувреме Серхио Рамос најверојатно со рамото ја скрена топката после центаршутот, но судијата Гонзалес досуди пенал. Сигурен од белата точка беше Бруно кој им донесе предност на гостите.

Сепак, веќе во третата минута од второто полувреме Реал го изедначи резултатот. Стрелец беше Рамос. Тој резултат остана до крајот на мечот а Реал не успеа да го собори рекордот на последователни победи во Ла Лига.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e