Кошаркарска Евролига за првпат со 18 екипи: Стартува новата сезона, Ц. Звезда на гости кај Панатинаикос

Со вечерашните мечеви Химки – Макаби Тел Авив (19 ч.), Панатинаикос – Црвена звезда (20 ч.), Баерн – Милано (20.30 ч.) и Реал Мадрид – Фенербахче (21 ч.) стартува новата сезона во кошаркаркарската Евролига. За првпат ќе брои 18 клуба, а проширувањето е последица на двегодишните покани што раководството ги адресира до Баварците и до француски Асвел. Континенталниот шампион ќе биде познат на 24 мај во „Ланксес арена“ во Келн во која неколку години наназад се прогласува и освојувачот во ракометната Лига на шампиони.

Една од промените што стапуваат на сила од оваа сезона е проодноста до Евролигата преку националните првенства. Во иднина, правото на избор за учесници ќе биде на првиот човек Џорди Бертомеу и неговите соработници. Засега има гаранции дека е планирана вајлд карта за АБА лигата и за наредната сезона. Нејзин претставник во елитното друштво ќе биде шампионот Црвена звезда која го наследи Будуќност од минатата сезона.

Новитет, исто тала, се и двете резервирани места во Евролигата за финалистите во Еврокупот. Форматот останува непроменет. Осумте најдобри екипи од основниот дел на сезоната ќе разигруваат во четвртфиналните серии кои треба да ги дадат учесниците на Фајналфор турнирот. Титулата ја брани московска ЦСКА која во финалето за минатата сезона го совлада Анадолу Ефес со 91:83, а нејзин прв ривал ќе биде Валенсија утревечер од 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e