Клоп: Финалето е успех, но не успехот што го посакувавме

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците од финалето на Лигата на шампионите, кое неговиот тим го синоќа го загуби од Реал Мадрид со 1:0.

– По овој пораз никој кај нас не чувствува дека сезоната е одлична. Можеби ни требаат неколку часа за да сфатиме. Одигравме добар, но не и совршен натпревар. Мислам дека не е можна совршена игра против противник со длабока формација. Имавме многу удари кон противничкиот гол, но не и најдобри. Куртоа забележа две врвни одбрани. Моите фудбалери пробаа се, особено кога резултатот беше 1:0, тогаш игравме како што сакавме да играме претходно. Чувствата се различни. Да се ​​стигне до финалето не е толку лошо, тоа е еден вид успех. Но, не успехот што го сакате, изјави Клоп.

Ливерпул сезоната 2021/22 играше во три финалиња и не постигна ниту еден гол. „Црвените“ од Енфилд, покрај синоќешното финале во Париз, не ја затресоа противничката мрежа на дуелите за трофеј со Челзи (0:0) во Фа купот и во Лига купот, но ги освоија по изведување пенали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e