Клоп е избран за менаџер на сезоната во Премиер лигата

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата за сезоната 2021/22. Ова го објави прес-службата на лигата на Твитер.

Под водство на германскиот стручњак, Ливерпул заврши на второто место во Премиер лигата, со бод помалку од Манчестер сити, кој ја освои шампионската титула.

Да потсетиме дека Ливерпул стигна и до финалето на Лигата на шампионите каде ќе игра против Реал Мадрид.

Натпреварот ќе се одигра на 28 мај во Франција на „Стад де Франс“ во Париз со почеток во 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e