Киелини: Ние не сме Реал, ниту Милан, и никогаш нема да бидеме

Централниот дефанзивец на екипата на Јувентс, Џорџо Кјелини испрати јасна порака до сите навивачи и подржувачи на овој состав да не очекуваат убедливи победи, бидејќи нивниот пристап и стил на игра е сосема поинаков од одредени состави.

Оваа изјава на стоперот доаќа по критиките за нерешениот резултат против Севилја во Лигата на шампионите.

-Со должна почит, но Јувентус не е Реал Мадрид или пак Милан од деновите со Роналдињо. Тие победуваа со 6-2 или 5-2, но Јувентус не е како нив. Ние победуваме со 1-0, 2-0, но тоа не значи дека нема да се обидеме да дојдеме и до 3-0, ама ние сме тим кој не смее да прими гол кога ќе поведе. Не сме како Реал и никогаш нема да бидеме, имаме поинакви карактеристики. Атлетико Мадрид не дојде до врвот во Европа победувајќи со 5-0, 6-0. Потребен е баланс- истакнува иксрениот Кјелини.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e