Ќе добие ли Македонија стадион во чест на Пеле?

Најголемата фудбалска икона Пеле пред крајот на 2022 година почина во 84. година по долга борба со ракот, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, излезе со интересна идеја.

Имено, од ФИФА сакаат секоја земја да именува еден стадион по Пеле, во чест на легендата и за се што тој направи за фудбалот низ годините. Бразилецот кој зад себе има бројни рекорди за восхит важи за еден од најдобрите во историјата, а ривалството го одбележа со Диего Армандо Марадона.

Засега нема реакција од земјите-членки на ФИФА на оваа тема и никој се нема огласено по овој став. Дали Македонија може да добие стадион „Пеле“ и кој би бил тој во иднина, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e