Кер: Дончиќ е многу корисен и важен за НБА лигата

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер е импресиониран од младиот Словенец кој настапува за Далас, Лука Дончиќ.

– Лука е многу корисен и важен за НБА и воопшто не се забележува дека е од Европа. Мислам, тој е одличен играч. Тој е посебен. Има неверојатна можност да напредува. Во таа смисла, тој ме потсетува на Лери Бирд. Дончиќ исто така многу потсетува на Џејмс Харден со „степ-бек“ и „кросовер“ потезите, изјави Кер.

Лука е брилијантен играч и сè уште е многу млад. Тој ќе биде еден од главните играчи на лигата долго време. Тоа е многу важно за НБА лигата, додаде поранешниот НБА шампион.

Дончиќ е во Далас од 2018 година, претходно три години играше за Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ