Казна од УЕФА: Франција ќе плати 20.000 евра за пропустот со албанската химна

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја казни фудбалска федерација на Франција со 20.000 евра за пропустот со химната на Албанија пред дуелот на двете репрезентации во квалификациите за ЕП 2020. 

Наместо албанската, на стадионот во Париз се интонира химната на Андора, а дека Французите се скарани со географија, покажа и тоа дека откако сфатија дека погрешиле, спикерот јавно им се извини на навивачите од Ерменија?!

Средбата почна со десетминутно доцнење, додека организаторите конечно ја најдат вистинската химна. По натпреварот, и претседателот Емануел Макрон се извини на гостите за непријатноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e