Јувентус подобар од Лацио, Наполи од Милан

Саботата вечер беше резервирана за двете големи дербиња на италијанскиот фудбал. Во првиот,  во Рим одиграа Јувентус и  Лацио.

Во второто дерби на вечерта во Серија А еден гол го одлучи победникот. Сами Кедира, со помош на Дибала стрелаше прецизно во 66 минута,  и донесе три бода за својот тим.

Фудбалерите на Наполи го подедија  Милан со 4: 2 (2: 0). Херој на натпреварот беше новодојденецот Аркадиус Милиќ со два постигнати гола во првото полувреме, по што се чинеше дека работата е завршена.

Сепак, Милан помеѓу 51 до 55 минута успеа да израмни преку  Мбаје Нијанг и Суса, но сепак Наполитанците успеаа да дојдат до триумф благодарејки на Хозе Каљехон во 75-та, како и  автоголот на  Алесио Ромањоли во финишот на натпреварот.

Фудбалерите на Милан натпреварот го завршија со девет играчи, поради исклучувањето на Куцка и НИјанг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e