Јуниорско СП во карате: Бојан Костов носи бронза од Чиле

Бојан Костов се закити со бронзен медал на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и младинци што се одржува во Сантијаго, Чиле.

Костов до одличјето дојде по победата над Русинот Ахмедов во репасажот во категоријата до 52 килограма.

Освен Костов, македонски репрезенти во Чиле ќе бидат и Фаик Весели, Доан Османи, Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Александар Неделковски и Владанка Аврамова. Тренери селектори се Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини во кумите, а во кати тренер селектор е Ивана Аврамова. Вкупно 96 земји учествуваат на ова СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e