Ја одлежа суспензијата од три месеци: Меси се враќа во репрезентацијата на Аргентина

Лионел Меси се враќа во фудбалската репрезентација на Аргентина за пријателските мечеви против Бразил и против Уругвај во ноември по одлежаната тримесечна суспензија од КОНМЕБОЛ. Последниот настап за националниот тим, ѕвездата на Барселона го имаше за бронзениот медал на Копа Америка во кој доби црвен картон, а „гаучосите“ на крајот загубија од Чиле.

Меси по натпреварот ја обвини јужноамериканската фудбалска конфедерација за корупција по што дојде и забраната за репрезентативни активности за период од три месеци. Аргентина без одигра четири средби во кои ремизира со Чиле и со Германија и ги порази Еквадор и Мексико.

Јужноамериканската фудбалска класика меѓу Аргентина и Бразил, што овојпат ќе биде од пријателски карактер, е закажана на 15 ноември во Саудиска Арабија на 15 ноември, а три дена подоцна „гаучосите“ ќе излезат на мегдан со Уругвај во Израел.

Меси се мачи со повреди од почетокот на сезоната во Примера, но се врати во составот на Барселона со два гола и две асистенции во во победата над Валјадолид со 5:1 во неделата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e