„Ас“: Изборот на Мурињо падна на Реал М., негов асистент ќе биде Чаби Алонсо

Жозе Мурињо го одбра Реал Мадрид, а за свој асистент, Чаби Алонсо, пишуваат шпанските медиуми. Португалскиот фудбалски менаџер е без ангажман од декември и отказот што го доби во Манчестер јунајтед. Од тогаш во многу наврати соработуваше со ТВ станици како стручен коментатор и постојано се шпекулира дека се подготвува за враќање во клупскиот фудбал.

Зинедин Зидан, од друга страна, е под голем притисок во Реал Мадрид поради незадоволителните резултати и особено по поразот од Мајорка која оваа сезона се врати во Примера. Весникот „Ас“ објави информација дека Мурињо е убеден оти не е прашање дали ќе се врати на „Бернабеу“ туку прашање на ден е кога ќе се врати.

Негов асистент, според весникот, ќе биде тренерот на Реал Сосиедад, Чаби Алонсо кој играше за „кралскиот клуб“ под водство на „посебниот“. Мурињо беше на клупата на Реал Мадрид од 2010 година до 2013 година и во тој период освои титули во Примера, во шпанскиот Куп и во шпанскиот Суперкуп.

Реал Мадрид го предводеше со 128 победи во 178 меча од клупата и како поткрепа на најавите за негово враќање во клубот се споменуваат и одличните односи со претседателот, Флорентино Перез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e