Кабинетот на јавниот обвинител на Швајцарија потврди дека е покрената кривична истрага во врска со Фудбалската федерација на Германија (ДФБ).
Федералното обвинителство на Швајцарија спроведува истрага против легендата на фудбалот, Франц Бекенбауер и уште тројца од германскиот фудбал поради проневера и перење пари.
Истрагата се однесува на периодот кога се доделуваше организацијата на СП во фудбал во 2006 година во Германија.
Кабинетот на јавниот обвинител на Швајцарија потврди дека е покрената кривична истрага во врска со Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) и дека осомничените се членови на ИО на организацискиот комитет на шампионатот во 2006 година.
Покрај Бекебауер, осомничени се и Хорст Шмит, Тео Цванцигер и Волфганг Низрзбах кој до Ноември лани беше претседател на ДФБ. Цванцигер на таа функција беше од 2006-2012 година. Шмит во 2007 година беше генерален секретар на ДФБ.