ИОК не попушта: Маратонот на ОИ 2020 ќе се трча во Сапоро

Гувернерката на Токио, Јурико Коике, е лута што Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) одлучи маратонот на Олимписките игри следната година да се трча во Сапоро, на 500 километри од главниот град на Јапонија.

Од Токио не отфрлаат можност и за тужба кон ИОК и барање отштета. Преселбата на маратонот од Токио во Сапоро ќе чини најмалку 310 милиони долари, па се поставува прашање кој ќе ги плати трошоците.

Во ИОК сметаат дека во Токио не треба да се трча олимпискиот маратон, бидејќи температурата во лето е многу висока, па се плашат дека може да се повторат случувањата од Светското првенство во Доха кога многу маратонци колабираа, иако се трчаше по полноќ. Јапонците предлагаа маратонот да почне во пет часот наутро кога температурата во Токио би била 27 степени, што не е многу повеќе од прогнозираните 25,4 во Сапоро во седум часот наутро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e