Интер потпиша со бразилскиот талент Габриел Барбоса

Габриел Барбоса или така познатиот Габигол е последното големо име кое се приклучи на италијанскиот клун Интер од Милано.

Напаѓачот пристигна во Италија предходната недела со цел да ги помине лекарските прегледи, пред да се врати во Бразил за да го одигра последниот меч за Сантош.

Интер најави дека 20 годишниот играч потпишал договор до 2021.

Бразилскиот напаѓач премина во Милано по четири сезони одиграно во Сантош со кој беше двапати државен првак на Бразил во сезоната 2015 и 2016.

Се претпоставува дека за услугите Интер ќе треба да плати 27,5 милиони евра, а играчот ќе му се приклучи на клубот во Јануари, веднаш по паузата околу божиќните празници.

Ова е само еден мал дел од неговите мајстории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e