Интер почна да бара замена за Икарди?

Мауро Икарди ги доживува најтешките моменти од својата кариера во Интер, откако ја загуби капитенската лента, а потоа доби критика и од управаата на италијанскиот гигант, па речиси никој не го поддржува неговиот потег да не замине со екипата во Виена на мечот од Лига Европа против Рапид (1-0).

„Нераѕурите“ не сакаат да ризикуваат ништо, па решиле на лето да пронајдат замена за Аргентинецот, кој очигледно ќе го напушти Милано и ќе се пресели во друг европски гигант.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер почнал да бара замена за Икарди, а досега се споменуваат четири потенцијални кандидати за нов напаѓач на „нераѕурите“.

Во медиумот се споменуваат имињата на Един Џеко, Ромелу Лукаку, Тимо Вернер и на Дуван Запата, а предност му се дава на босанскиот голгетер, кој игра солидно за екипата на Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e