ИААФ призна грешка, но нема да повтори трка: Шпанецот Ортега оштетен во финалето на 110 метри со пречки

Апелациската комисија при Интернационалната атлетска федерација (ИААФ) призна дека Шпанецот Орландо Ортега бил оштетен во финалето на 110 метри со пречки, но трката нема да биде повторена.

На контроверзната трка на Светското првенство во Доха победи Американецот Халовеј, а Ортега беше на добар пат да го освои второто или третото место, но грешката на Омар Меклеод од Јамајка, кој трчаше до него, му го наруши балансот и го спречи Шпанецот да обезбеди висок пласман. 

Меклеод ја загуби контролата и пред последната пречка влезе во патеката на Ортега, го држеше во обид да се одржи на нозе, но сепак падна пришто му нанесе штета на шпанскиот натпреварувач кој жали за загубениот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e