Гвардиола: Гостувањето кај Реал е вистински тест за мојот тим

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го пофали Реал Мадрид пред осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој смета дека неговите избраници на „Сантијаго Бернабуе“ ќе бидат пред вистински тест.

– Овој клуб ме воодушеви неверојатно. Играчите кои играат за Реал многу пати биле во финалето на Лигата на шампионите, и не знам колку пати секој од нив го подигнал овој трофеј. Кај нас, можеби Клаудио Браво го освои овој турнир и уште некој друг. Нема многу играчи во Сити кои ја освоија ЛШ. Мора да бидеме на високо ниво против Реал Мадрид. Ова е вистински тест, изјави Гвардиола.

Шпанскиот фудбалски стручњак посакува неговите избраници да постигнат еден или повеќе голови на првиот меч и со тоа да си ги зголемат шансите пред реваншот на домашен терен.

– Сакам на крајот од натпреварот да кажам: Ние бевме тоа што сме“. Ова е најважната работа на вакви натпревари. Мора да одиме и да се обидеме да го сториме тоа на еден од најголемите, најубавите и најпрестижните стадиони. Ќе се обидеме да го искористиме нашето оружје и да постигнеме неколку голови. Тоа ќе биде тешко против екипата што ја освои Лигата на шампионите 13 пати и е крал во елитното натпреварување, нагласи Гвардиола.

Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер сити ќе се игра в среда со почеток во 21 часот. зс/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e