Гвардиола е фантастичен тренер, но не е така добар човек

Гвардиола е фантастичен тренер, но не е така добар човек, вели бивш дефанзивец на Баерн.

Пеп Гвардиола не знае како да се однесува со луѓе и слабо комуницира со играчите, тврди поранешнот фудбалер на Баерн Минхен Данте.

Бразилецот ја освои тројната круна со Баерн во 2013 година под водство на Јуп Хајнкес и потоа остана само една сезона под водство на Гвардиола пред да замине во Волфзбург. Минатата година, актуелниот тренер на Манчестер Сити кажа дека би сакал да има „илјада Дантевци во тимот“, но 32-годишниот дефанзивец, кој и се приклучи на Ница минатата недела, нема така високо мислење за шпанскито стратег, барем од човечки аспект.

– Тој не зборува со тебе. Како играч не знаеш во каква ситуација си. Има тренери кои се фантастични кога е во прашање тактиката, но на човечко ниво не се така добри. Таков е случајот и со Гвардиола – вели Данте.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e