Гол со пета го испрати Челзи во осминафиналето на Лигата на шампионите, Ајакс е аут

Челзи се квалификуваше за 1/8-финалето од Лигата на шампионите, откако во групата Х го совлада со 2-1 Лил.

Домаќините ги постигнаа своите голови во првото полувреме преку Тами Абрахам и Сезар Аспиликуета. Голот на англискиот стрелец беше со пета, по асистенција на Вилијан. Французите дадоа гол по првиот директен удар на „Стемфорд Бриџ“, што беше дело на Лоик Реми во 78-та минута.

Со успехот Челси собра 11 поени и остана зад Валенсија, која има ист број на поени, но и подобар учинок во директните натпревари. „Лилјаците“ обезбедија место во елиминациската фаза по победата од 1: 0 над Ајакс во Амстердам.

Натпреварот во Холандија беше исклучително жежок, но голот на Родриго во 24-тата минута се покажа како фатален за минатогодишниот полуфиналист на турнирот, кој отпадна со 10 поени.

Борусија Дортмунд се квалификуваше за елиминациите во Лигата на шампионите, совладувајќи ја Славија Прага со 2:1 во натпревар од групата „Ф“, одигран на „Сигнал Идуна парк“.

„Жолто-црните“ добија голема помош од Барселона, кои го совладаа со 2-1 како гостин Интер.

Така, Дортмунд освои 10 поени и заврши на второто место. Славија е на дното со два бода, а Интер (7 бода) оди во Лигата на Европа.

Интер испадна од Лигата на шампионите, откако загуби со 1:2 од Барселона на „Меаца“. На „нероазурите“ им требаше убедлива победа за да завршат пред Борусија Дортмунд и имаа среќа Каталонците да пристигнат во Милано без нивната голема sвезда Лионел Меси.

Сепак, Карлес Перез им донесе предност на Каталонците во 23-тата минута, а во 44-тата, Ромелу Лукаку изедначи. На крајот од дуелот, „нероазурите“ притиснаа силно, но два гола на Лаутаро Мартинез беа поништени во последните минути поради офсајд. Така се стигна до 87 минута кога резервата Ансу Фати стана најмладиот стрелец во Лигата на шампионите и го исфрли Интер од Лигата на шампиони.

Така Барселона ја заврши групата Ф со 14 бода по 4 победи и 2 реми. Борусија Дортмунд заврши на второто место со 10, откако дома ја совлада Славија Прага. Интер оваа пролет ќе игра во Лигата на Европа, откако освои 7 бода од 6 одиграни натпревари.

Резултати од ЛШ, 6 коло:

Група „Е“:
Наполи – Генк 4:0
Салцбург – Ливерпул 0:2

Група Ф:
Борусија Дортмунд – Славија Прага 2:1
Интер – Барселона 1:2

Група „Г“
Бенфика – Зенит 3:0
Лион – РБ Лајпциг 2:2

Група „Х“
Ајакс – Валенсија 0:1
Челзи – Лил 2:1

Во следната фаза одат Наполи, Ливерпул, Барселона, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг, Лион, Валенсија и Челзи. Останатите учесници во осминафиналната фаза ќе бидат познати по утрешното одигрување на натпреварите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e