Го издаде срцето: Почина Ајзак Промис, капитен на фудбалската репрезентација на Нигерија од ОИ во Пекинг

Ајзак Промис, кој беше капитен на фудбалската репрезентација на Нигерија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, почина во 31 година од животот како последица на инфаркт. Тажната вест ја соопшти американскиот клуб Остин Болд чиј член беше напаѓачот.

Промис ја започна професионалната кариера во Генчлербирлиги за кој постигна 26 гола во 93 натпревари. Во Турција играше и за Трабзонспор, Манисаспор, Анталијаспор, Баликеш, Гиресун, Карабукспор, а играше и за саудиски Ал Ахли и Џорџија револушн.

На Игрите во Пекинг во 2008 година играше финале со селекцијата на Нигерија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e