Ѓоковиќ по убедливата победа над Пуј во Токио: Не сум машина, но денеска играв како машина

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфинале на Токио Опен за што му беа потребни само 50 минути во мечот со Лук Пуј од Франција. Српскиот српски тенисер славеше во четврт-финалето со 6:1, 6:2 против 24. светски рекет и за место во мечот за титулата ќе игра со Давид Гофан. Белгиецот, пак, загуби само четири гема во дуелот со Чунг од Јужна Кореја.

„Не сум машина, но денеска играв како машина. Го одиграв еден од најдобрите мечеви во 2019 година. Се чувствував извонредно на теренот и презадоволен сум од моето издание“, рече Ѓоковиќ за кого ова е прв настап на турнирот во Јапонија, но и прв по предадениот меч со Стен Вавринка на Ју-Ес опен поради повреда на рамето.

Во второто полуфинале во Токио ќе играат Александар Зверев и Стефанос Циципас. Германскиот тенисер во четврт-финалето го елиминира Сем Квери од САД со 7:6, 6:2 додека Гркот беше подобар од Џон Изнер со 7:6, 6:3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e