Ѓоковиќ по пласманот во четврт-финале во Париз: Не сум 100 отсто подготвен

Новак Ѓоковиќ се пласира во четврт-финале на Мастерсот во Париз, но призна дека поради настинката не е на 100 отсто од можноста, па затоа и тешко остварените победи над Муте вчера и денеска над незгодниот Британец Кајл Едмунд против кого влезе во ритам во вториот сет. Српскиот тенисер славеше со 7:6, 6:1, а по мечот истакна дека не е максимално подготвен, иако вади максимумот од себе.

„Сè уште не сум максимално подготвен поради здравствените проблеми. Во првиот сет одлучија едно-две топчиња, во вториот сет играв добро што прави да бидам среќен. По освоениот сет, ја опуштив раката и полесно го удирав топчето“, рече Ѓоковиќ по вториот триумф во „Берси арена“ во Париз.

Негов противник за место во полуфиналето ќе биде Гркот Стефанос Циципас од кого загуби неодамна во Шангај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e