Ѓоковиќ остана и без главниот спонзор од којшто земаше 9 милиони годишно

Француската компанија „Лакост“, која со години беше главен спонзор на Новак Ѓоковиќ, решила да ја прекине соработката со еден од најдобрите тенисери во историјата.

Ова е силен удар за Србинот бидејќи има договор со „Лакост“ до 2025 година, па ќе остане без 27 милиони евра. Од „крокодилчето“ веројатно парите кои му ги даваа на Новак, ќе ги пренасочат кон американската тенисерка Венус Вилијамс.

Од „Лакост“ мислат дека соработката никому не носи ништо добро, по депортацијата и неучеството на Отвореното првенство на Австралијан, за Ѓоковиќ се редеа негативни вести.

Неодамна и „Пежо“ го раскина договорот со Новак, а тој остана и без тренерот Марјан Вајда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e