Ѓоковиќ ќе мора да замине на оперативен зафат!

Голем дел од светските тениски експерти го осудија Новак Ѓоковиќ за тоа што побара два тајм-аути во последниот сет од финалето со Вавринка на Ју-Ес Опен, критики кои дури сега се потврдува дека беа сосема неоправдано изнесени со оглед на тоа што светскиот рекет број еден се соочувал со навистина непријатен и болен проблем.

Уште за време на втората интервенција, се виде дека прстот на ногата на Ѓоковиќ е облеан во крв, но никој не можеше да претпостави дека ситуацијата ќе отиде до таму да замине на оперативен зафат. Имено, Ѓоковиќ го инфицирал прстот и ја влошил повредата која ја имал со ноктот, поради што сега ќе мора да замине на операција за комплетно да го санира проблемот.

– Прстот е инфициран и ќе мора да подлегне на оперативен зафат за да се отстранат преостанатите делови од ноктот, – потврдил долгогодишниот соработник и тренер на Ѓоковиќ, Маријан Вајда.

Српските медиуми пренесуваат дека овој проблем ќе го оддалечи Ѓоковиќ од хуманитарниот турнир во Милано кој е закажан за 21 и 22 септември, но се верува дека ќе биде подготвен за настап на тенискиот турнир во Пекинг кој е на програмата на стартот на наредниот месец.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e