Ѓоковиќ како фурија, му препушти само три гема на Циципас

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз по убедливиот триумф од 2-0 над Стефанос Циципас.

Србинот буквално го „збриша“ Циципас и на теренот помина помалку од еден час.

Ноле славеше за 58 минути со 6-1 и 6-2 во сетови и обезбеди полуфинале во Париз каде за противник го има Бугаринот Григор Димитров, кој беше подобар од Кристијан Гарин од Чиле со 2-0 во сетови (6-2, 7-5).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e