„Ѓаволска работа“: Нова победа со еден гол на Манчестер Ј. во Лига Европа

Манчестер јунајтед ја забележа втората победа во Лига Европа за оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ си одат од Белград со три бода по триумфот над борбениот Партизан со 1:0 и по три кола се лидери во групата Л со шест бода.

Стрелец на победоносниот погодок беше Антони Марсијал од пенал во 43. минута.

Премиерлигашот со еден гол ја совлада и Астана во првото коло, а во второто одигра без голови на гостувањето кај АЗ Алкмар.

Во вториот меч во конкуренцијата, АЗ Алкмар ја понижи Астана со 6:0.

РЕЗУЛТАТИ, ЛИГА ЕВРОПА, 3. КОЛО:

Група А: Карабах – АПОЕЛ 2:2.

Група Г: Јанг бојс – Феенорд 2:0, Порто – Ренџерс 1:1.

Група Х: Лудогорец – Еспањол 0:1, ЦСКА Москва – Ференцварош 0:1.

Група И: Гент – Волфсбург 2:2, Сент Етјен – Олександрија 1:1.

Група Ј: Рома – Борусија Менхенгладбах 1:1, Башакшехир – Волфсбергер 1:0.

Група К: Бешикташ – Брага 1:2, Слован Братислава – Вулверхемптон 1:2.

Група Л: Партизан – Манчестер јунајтед 0:1, АЗ Алкмар – Астана 6:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e