Гест за почит: Валверде и прости 36 милиони евра на Барселона

Доскорешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде му прости 36 милиони на каталонскиот клуб, средства што му следуваа за предвремен раскин на договорот.

Договорот на Валверде со Барселона беше со важност до наредното лето и според една од клаузулите во него, тој требаше да прима плата од клубот до крајниот рок.

Валверде беше сменет од кормилото на Каталонците пред три дена и заменет со Кике Сетјен. Во Барселона мина нецели три години, период во кој двапати ја освојуваше шампионската титула во Примера и по еднаш триумфира во националниот Куп и во шпанскиот Суперкуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e