Футсал репрезентацијата загуби и од Косово

Македонскиот национален тим во футсал попладнево во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Косово со 5:7 што е втор пораз во претквалификациите за Светското првенство во Литванија во 2020 година.

Косовскиот тим водеше со 4:2 по првото полувреме, македонската селекција направи пресврт и поведе со 5:4, но откако Косово израмни на 5:5, во финишот гостите беа подобри и дадоа уште два гола за освојување на три бода.

Во првото коло, „црвено-жолтите“ загубија од Словенија со 1:6, па до крај на турнирот им преостанува уште средбата в недела против Украина од 17.30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e