Француски фудбал: Првенец на Влатко Стојановски во дресот на Ним

Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски го постигна својот прв гол во дресот на Ним на еден официјален натпревар во Франција.

Репрезентативниот напаѓач, кој летоска изненади многумина со трансферот од Ренова во францускиот прволигаш Ним, не добива преголема шанса на лигашките мечеви, но вечерва во Лига Купот на Франција, беше стартер и во 87 минута даде гол од пенал во победата на Ним од 3:0 против Ленс.

Стојановски вечерва за првпат стартуваше и успеа до погодок од белата точка, што може да значи и поголема минутажа во иднина во мечевите во француската Лига 1. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e