(Фото) Десетте најголеми тренери-трошачи во историјата на фудбалот

Заклучно со 12 часот по полноќ, беше ставен крај на уште еден летен преоден рок за време на кој бевме сведоци на сензационални и историски трансфери, од кои сепак најмногу се издвојуваат премините на Пол Погба во Манчестер Јунајтед (105 милиони евра) и Гонзало Игуаин во Јувентус (90 милиони евра).

Без никаква конкуренција, најголеми трошачи во изминативе 2 месеци беа екипите од Премиер лигата кои потрошија повеќе од 1 милијарда евра на нови засилувања, а интересно, аквизициите во изминатиот преоден рок донесоа и промена на една интересна листа која е поврзана за најголемите тренери трошачи во историјата на фудбалот.

Според официјалната статистика на „Трансфермаркт“, убедливо најголем трошач е Жозе Мурињо кој и оваа година беше најзаслужен за историскиот трансфер на Погба, но на листата се најдоа и некои имиња кои навистина можеби никој не ги очекуваше, но се наоаѓаат во неа поради долгиот стаж кој го имаат во фудбалот (Венгер, Раниери, Фергусон).

Португалецот е прв со потрошени 1,2 милијарди евра за време на неговите етапи во Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и сега Манчестер Јунајтед, втор е Анчелоти кој во својата кариера купи играчи како Бејл, Родригез и Тиаго Силва, трет е Пелгрини кој имаше одврзани раце да купува што сака во Манчестер Сити, а во топ 10 се уште Венгер, Фергусон, Гвардиола, Раниери, Бенитез, Манчини и Ван Гал.

Извор Дерби

2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e