Фетел: Во Ф1 до 2021 година, за потоа ќе видиме

Себастијан Фетел изјави дека неговата иднина во Ф1 по 2021 година зависи од тоа дали ќе му се допаднат промените во регулативите што планира да ги воведе „Либерти Медиа“. Тие ќе бидат презентирани за време на ГН на САД и ќе вклучуваат граници за буџет и технички измени во автомобилите, што треба да го олеснат престигнувањето.

„Се чини дека колку подолго се задржуваат правилата, толку подолго се израмнуваат силите. Но, ова важи за трите водечки екипи, а сè уште има голема разлика во однос на останатите екипи. Секогаш ги имате најдобрите автомобили напред, како и најдобрите пилоти напред, но ќе биде многу подобро ако сите се доближат еден до друг. Се надевам дека нешто добро ќе излезе од промените затоа што мерки секако се потребни“, рече Фетел за „Мотоспорт“.

Според него, сите трошат многу пари во обид да постигнат барем малку подобри перформанси.

„Работите треба да се поедностават на некој начин. Исто така, постои добра линија помеѓу зачувувањето на ДНК на Ф1 и желбата за згуснување на мрежата“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e